Кошаркарите на Уникс Казан ја постигнаа четвртата победа во Евролигата, откако вечерва во првиот дуел од 13. коло го победија Галатасарај на домашен терен со 73:60 (15:11; 22:20; 18:12 и 18:17).
Со овој триумф Уникс последното место на табелата му го препушти на денешниот ривал Галатасарај. Евгениј Воронов од Уникс со 22 поена беше најефикасен на дуелот.
Двојки на другите натпревари од ова коло: Анадолу Ефес – Жалгирис, Олимпијакос – Црвена Звезда и Реал Мадрид – Бамберг (играат вечерва), Фенербахче – Дарушафака, Армани – Панатинаикос, Макаби – ЦСКА Москва и Басконија – Барселона.
Табела: ЦСКА Москва 11-1 (победи-порази), Реал Мадрид 8-4, Олимпијакос 8-4, Басконија 8-4, Фенербахче 8-4, Панатинаикос 7-5, Дарушафака 6-6, Анадолу Ефес 6-6, Црвена Звезда 5-7, Макаби 5-7, Барселона 5-7, Бамберг 4-8, Жалгирис 4-8, Армани 4-8, Уникс Казан 4-9, Галатасарај 4-9.