Дочек на 2017-та на Сквер Јадран со Јура Стублиќ и Филм

Од:

Општина Центар и годинава ја организира манифестацијата „Град во Градот 4“. На познатата локација, Сквер Јадран, центарци, скопјани, но и граѓани од цела Македонија, Новата 2017-та година ќе ја дочекаат со македонските хип хоп пионери, С.А.Ф., со Јура Стублиќ и Филм и со Забрането Пушење.

Журката започнува после 22:00 часот, добредојдени се сите позитивни луѓе кои сакаат добра забава.

„Филм“ е југословенска и хрватска рок група, основана во 1978 година, чиј фронтмен е Јура Стублиќ.

Оригиналната постава на „Филм“ се распаднува во 1986-та, а набргу потоа, повторно се составуваат како „Јура Стублиќ & Филм“.

Публиката на Сквер Јадран ќе има можност во живо да ужива во нивните мегахитови, по цели пет години од последниот настап на скопското Калe.

Присутните ќе се потсетат и ќе заиграат во ритмот на музиката на култната рок група „Забрането пушење“ и на легендарната „Зеница Блуз”.

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски