Македонија е во опасност од паѓање во диктатура, откако поранешниот премиер Никола Груевски упати закани на странските претставници и на невладините организации, пишува Дојче Веле.
Листа на закани беа упатени од лидерството на владејачката партија во Македонија, а најавени преку лидерот и екс премиер, Никола Груевски, и предизвикаа вчудоневиденост и неверување во државата помалку од една недела откако ВМРО-ДПМНЕ победи со мала разлика на предвремените парламентарни избори.
Листата, искажана преку проглас истакнува дека владејачката партија сака да стави крај на странските медијации, како и стоп за преговорите во кои учествуваат ЕУ и САД, како и борба со невладините организации кои се финансирани од надвор.
Лут затоа што опозицијата реши да се жали за нерегуларности во изборниот процес на неколку избирачки места до Државната изборна комисија, Груевски пред насобраните поддржувачи кажа дека нема да толерира мешање на амбасадорите.
Неименувајќи ги, тој обвини неколку амбасадори дека се обидувале да влијаат врз Државната изборна комисија во нејзините одлуки.
„Некои амбасадори се мешаат премногу во внатрешната политика. Тоа мора да престане. Имаме информации дека странски претставници се вмешуваат во работата на ДИК со цел да влијаат на еден член со цел постизборен инженеринг и фалсификат на волјата на граѓаните“, рече Груевски.
Македонија има поддршка од ЕУ и САД уште по распадот на Југолавија, во 1991 година, посебно во војната во 2001 година.
Прелиминарните резултати покажаа дека партијата на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ освои 51 од 120 мандати во Собранието, само два повеќе од опозициската СДСМ. Груевски мора да формира коалиција со албанската партија која освои најмногу гласови со цел да формира нова влада. До сега, никој од четирите помали партии кои ги претставуваат Албанците не сака да коалицира со него.
Соочен со фактот дека ќе ја изгуби моќта и под голем притисок од странците да дозволи демократски промени, Груевски рече дека нема да дозволи неговиот противник Зоран Заев, лидерот на СДСМ да формира влада и дека неговата партија нема да дозволи формирање на институции кои немаат легитмитет од граѓаните.
Екс амбасадорот на Македонија во НАТО, Нано Ружин за Дојче Веле вели дека Груевски очајно се обидува да имплементира сценарио.
„Тој сака да формира влада по секоја цена. Ако тој не успее во тоа, тој ќе се обиде да ја турне земјата во автократија со невидени последици за државата и демократијата“, вели Ружин за Дојче Веле.