Најголемата планета во сончевиот систем вечерва најсјајно ќе свети. Јупитер се гледа и со голо око, но доколку сакате подобар поглед небеското шоу може да се следи „во живо“ преку интернет.
Доколку се добри временките услови, емитувањето ќе почне во 2.00 часот и ќе трае 30 минути на сајтот events.slooh.com каде ќе се пренесува погледот на Јупитер од опсерваторијата на Канарските острови.
Јупитер моментално свети со голем сјај во текот на целата ноќ, движејќи се на исток со залезот на Сонцето и паѓајќи на запад во зората. Вечерва гасниот џин ќе биде во опозиција со Сонцето, точка на небото во која директно ќе биде спроти нашата ѕвезда, и тоа ќе биде вистинското време за набљудување.
Дури и со аматерски телескоп ќе може да се видат главните белези на Јупитер, вклучувајќи ја големата црвена пега, трајниот ураган кој е на планетата од 1894. година, и темните екваторијални појаси и жолти-белите региони.