Најмалку 30 јеменски војници загинаа во денешниот самоубиствен напад во Аден, соопштија воени и болнички извори.
Во нападот голем број луѓе се повредени, а мета биле војниците кои се собрале да примат плата во воената база, која се наоѓа во североисточниот дел на градот.
– Напаѓачот изненадно се појави меѓу војниците во базата Ал-Солбан, изјави неименуван воен извор.
Инцидентот се случи осум дена по бомбашкиот напад во Аден, при што загинаа 48 војници, а 29 беа повредени. Одговорноста за тој напад го презеде Исламска држава.