Тече рокот за тужби до Управниот суд

Од:

По завршувањето на синоќешното продолжение на седницата се очекуваше Државната изборна комисија (ДИК) до коалициите и политичките партии да ги достави решенијата со одлуките за приговорите на Беса и на СДСМ, со што и официјално стартува рокот од 24 часа за доставување тужби до Управниот суд.

ДИК прифати само еден приговор од движењето Беса и поништи гласање на едно избирачко место во Гостивар. Отфрлени се шест приговори поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ и седум од Движењето Беса.СДСМ повлече два поднесени приговори.

Решението за поништеното гласање во гласачкото место во Гостивар, според заклучокот на ДИК, треба да биде доставено и до партиите и коалициите учесници на изборите во Изборната единица 6, кои исто така ќе можат да ја обжалат одлуката до Управниот суд.

Судот, пак, има рок од 48 часа по примањето на тужбите да одлучува по нив. Одлуката треба во рок од 24 часа треба да ја објави на веб-страната.

По тужбите Управниот суд одлучува во совет од петмина судии избрани по пат на ждрепка, на јавна седница за која ја информира јавноста и овластените претставници по чии тужби се одлучува. Објавените одлуки на веб-страната на ДИК, како што е наведено во Роковникот на Комисијата, ќе го содржат и начинот на гласање на секој судија поединечно.

Седницата на ДИК траеше три дена и заврши синоќа и ги проби роковите предвидени во Роковникот за изборите. Според тоа, се пролонгира и рокот за конечните резултати. Тоа ќе се случи откако ќе бидат познати одлуките на Управниот суд, и доколку нема прегласување на некое избирачко место. Доколку има прегласување, тоа треба да се одржи на 25 декември.

Би можело да ве интересира

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски