Постигнат е договор и се очекува да запчне евакуацијата на цивилите од Алепо

Од:

Во Сирија е постигнат договор, со што евакуацијата на цивилите од источниот дел на Алепо и жителите на две шиитски села во североисточниот дел на земјата треба да почне во текот на денов, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, и воени медиуми на Хезболах.

Треба да бидат евакуирани околу 4.000 луѓе, меѓу кои има и повредени.

Опозициски активисти ги обвинија борците на движењето Хезболах, кои учествуваат во сирискиот конфликт на страна на владините сили, дека го блокирале главниот пат јужно од Алепо, а со тоа е спречена и евакуацијата на населението од деловите на градот кои се под контрола на бунтовниците.

Евакуацијата од Алепо е суспендирана вчера по извештајот дека на преминот во енклавата дошло до отворање оган од двете страни.

Би можело да ве интересира

Израел ги гранатираше сириските аеродроми во Дамаск и Алепо

ВИДЕО: Израел повторно го нападна аеродромот во Алепо

ВИДЕО: Израел ги нападна аеродромите во Сирија

Сириската армија воспостави контрола врз северозападниот дел на провинцијата Алепо

А1он

Ватикан: Папата испратил 100.000 евра за сиромасите во Алепо

Наум Локоски

Се слави на улиците на Алепо, откако армијата прогласи целосно ослободување на градот