Марш на сексуалните работници

Од:

17-ти декември е Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.
По тој повод, со црвени чадори во рака со почеток во 12 часот од Улица Македонија до Плоштадот Филип Втори ќе маршираат сексуални работници, стриптизери и стриптизети, хотлајн операторки, ескорт девојки и момци, активисти за човекови права и нивни поддржувачи.

Маршот на црвениот чадор е во организација на Граѓанската Иницијатива за застапување и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР од Скопје, во знак на солидарност и приклучување кон Глобалното одбележување на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.

Организаторот на маршот ќе даде изјава за медиумите пред Платото на Спомен куќата на Мајка Тереза на улица Македонија со почеток во 12 часот. Изјава ќе даде и сексуална работничка.
МАРШ НА ЦРВЕНИОТ ЧАДОРСАБОТА, 17 ДЕКЕМВРИ, 12 ЧАСОТЗбирно место: ПРЕД ПЛАТОТО НА СПОМЕН КУЌАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА/Улица Македонија

За организаторот: СТАР е невладина организација која од 2012 година активно работи на имплементација на програмата за ХИВ превенција помеѓу сексуални работници во Република Македонија, поддржана од Министерство за Здравство на РМ и Глобалниот Фонд за борба против Сида, Туберкулоза и Маларија.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза