Земан: Против Асад војуваат исламистите, не либералите

Од:

Против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во Сирија се борат исламските екстремисти, а не т.н. либерали, изјавил шефот на чешката држава Милош Земан при посетата на Португалија.

– Таканаречените сириски либерали се во канцеларии во Њујорк и во Париз, но не се наоѓаат на бојното поле. Таму се наоѓаат Исламската држава (ИД), Ал Каеда и другите исламски екстремисти, ја пренесуваат чешките медиуми изјавата на Земан

Како што јави дописникот на МИА од Прага, Земан додава дека ниту Асад не е идеален, но смета дека е неопходно да се знае, кој му се спротивставува.

– Политиката не е избор меѓу доброто и нешто уште подобро, тоа е секогаш избор на помалото зло. Сметам дека претседателот Асад е помало зло од исламскиот тероризам, оцени Земан.

Чешкиот претседател зборува и за храброста, која Европа мора да ја најде за да може да ги заштити своите надворешни граници и наместо како што вели безумното прифаќање на мигрантите, треба да им се помогне на тие луѓе директно на нивната територија.

Тој посочи дека на средбата со неговиот португалски колега Марсело де Соуса се согласиле за потребата од реформа на Унијата. Според Земан, промените би можеле да ги иницираат токму помалите земји, како што се Чешка и Португалија.

Бегалската криза, според Земан, ќе продолжи уште долго време и ќе опфати милиони мигранти.

– Ефективната помош на африканските земји, потенцирам, а не подароци на диктаторите, би можела да ја забави оваа криза, заклучи чешкиот претседател.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка