Претседателот на Европската комисија Жан Код Јункер вети дека ќе носи црна облека како знак на жалост, доколку лидерката на крајнодесничарскиот „Народен фронт“ Марин ле Пен победи на претседателските избори во Франција.
– Тогаш ќе се облечам во црно во знак на жалост, одговори Јункер на прашањето, што ќе стори ако Марин ле Пен стане претседател во интервју за германската телевизија Цет-Де-Еф, направено во Брисел.
Сите социолошки истражувања досега покажуваат дека Марин ле Пен ќе учествува на изборите, но ќе биде поразена во вториот круг од изборите, кои треба да се одржат следната година.