Челникот на Прелатурата на Светиот Крст и Опус Деи, бискупот Хавиер Ечевариа почина во Рим на 84-годишна возраст, потврди за ДПА портпарол на германскиот огранок на оваа организација Хартвиг Буилон.
Ечеварија починал во болница од последици на белодробна инфекција.
Бискупот 22 години беше челник на Опус Деи, кои многумина го сметаат за таинствена католичка органзиација со големо влијание врз политиката и економијата.
Таа прелатура е основана во Шпанија во 1928 година и има нешто повеќе од 90.000 членови ширум светот, најголем дел лаици.
Посебно голема традиција има во католичките држави од шпанското говорно подрачје. Со одлука на папата Јован Павле Втори во 1982 година е прогласена за негова лична прелатура и оттогаш членовите им се подредини на бискупите на организацијата, а не на раководителите на географските бискупии во кои живеат.