СДСМ: Груевски и Ставревски се фалат со туѓи заслуги

Од:

„Добро е што се намалуваат царините ама срамота е актуелната власт да се фали со нешто што е договорено од други влади, со години наназад. Тоа е одамна започнат процес, се случувал и досега и ќе продолжи да се случува без разлика која партија се наоѓа на власт.

– Јавноста треба да знае дека ова не е одлука на Груевски, уште помалку на Ставревски а најмалку на Каргов. Намалувањето на царините се резултат на потпишаните договори на Владите на Република Македонија со ЕУ и со Светската трговска организација, со години наназад.

– Оттаму, веројатно економската ситуација во Македонија е до тој степен катастрофална, како резултат на погрешната, неодговорна и расипничка политика на Груевски и Ставревски па тие мораат да се фалат со туѓи заслуги.

– Од тие причини, наместо да се фали за нешто што не е одговорен Ставревски треба да каже зошто Македонија е во рецесија, индустриското производство паѓа цела година, а невработеноста се зголемува?

– И зошто во Македонија, за 9 месеци во 2012 година, по негово водство и под водство на неговиот шеф Никола Груевски, остварени се само 44 милиони евра странски инвестиции со што Македонија се наоѓа не само на последното место во Европа туку влегува и во рангот на најсиромашните афрички држави“, се вели во писмена реакција на СДСМ на денешнaта прес конференција на Ставревски и Каргов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта им фрла трошки на работниците со покачување од срамни 1.800 денари

СДСМ: Зошто не е проширена истрагата за Кочани?

(ВИДЕО) Костова: Вработените во Култура понижени – нема поголеми плати, не се почитува Колективниот договор

А1он

СДСМ: Наместо со виновниците за трагедијата во Кочани, МВР се пресметува со млади за статуси на ФБ

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ

Горан Наумовски