Величковски на конференција на началниците на трансформација на НАТО

Од:

 Началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски од денеска до 15 декември ќе учествува на НАТО конференцијата на началниците на трансформација.

Конференцијата, соопшти Министерството за одбрана, се одржува еднаш годишно во седиштето на Врховната команда на НАТО сојузничките сили за трансформација во Норфолк, Вирџинија.

На конференцијата ќе учествуваат претставници од 28-те земји – членки на НАТО и 23 партнерски нации, како и претставници од други институции поврзани со одбраната, а тема на разговори се трансформацијата на армиите и идентификувањето на натамошните области за меѓусебна соработка.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила

Левица: Одбиени без причина: Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на партиски пазарења

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“