Видно обележани инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе бидат во одредени јавни здравствени установи од 7 часот и 30 минути до 14 часот.
ДСЗИ денеска преку соопштение повика до инспекторите да се обратат граѓаните кои имале потреба од здравствена заштита во здравствените установи, а особено оние со малигни заболувања кај кои била потребна хируршка интервенција, а здравствената заштита не им била укажана поради одржување на штрајк, со што им бил доведен во опасност животот или здравјето.
– ДСЗИ ќе постапи согласно законските норми и прописи во насока на заштита на животот и здравјето на граѓаните, како и навремено обезбедување на неопходната здравствена заштита, се вели во соопштението.