Во ДИК пристигнувале лажирани резултати, можна промена на мандатите

Од:

Државната изборна комисија ги чешла еден по еден записниците од општинските изборни комисии откако е утврден неточно јавен резултат во електронските записници.

Според сознанијата на А1он, има сомнеж дека општински изборни комисии испратиле лажни податоци до ДИК и досега веќе ова е утврдено во една општинска изборна комисија, каде повеќето освоени гласови на СДСМ се претставени како гласови на ВМРО-ДПМНЕ.

Постојат сомнежи дека можеби се работи за организирана шема за крадење гласови, што доколку се утврди и во други места, ќе значи поголем број на мандати за СДСМ отколку за ВМРО-ДПМНЕ. Од опозицијата остануваат на ставот дека според нивните пресметки, бројот на мандати без овие утврдени аномалии е 51 за СДСМ и 51 за ВМРО-ДПМНЕ.

Поради оваа причина, односно рачно пребројување на сите записници, ДИК до вечер нема официјално да излезе со бројот на освоени мандати за партиите.

Би можело да ве интересира

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски