Агенција „Рејтинг“: Имавме најточна изборна прогноза

Од:

Агенција „Рејтинг“ вели дека со голема прецизност го прогнозирала изборниот резултат со просечна маргина на грешка од само +/- 0,9%.

Од таму велат дека ова е најточната прогноза објавена во предизборието споредено со сите други агенции и институти кои објавија резултати. Анкетата која „Рејтинг“ ја изработи за телевизијата на 24 Вести, беше објавена на 2 декември, а изработена од 25 до 30 ноември со метод лице в лице на репрезентативен примерок од 1200 ипитаници.

– Сметам дека овие избори беа исклучително тешки за прогнозирање, но докажавме дека и во вакви услови анкетите може да бидат многу прецизни. На база на минатогодишните искуства и прецизна методологија, успеавме со висока прецизност да ги измериме рејтинзите. Ова потврдува дека сепак анкетите остануваат најдобра алатка за мерење на изборното расположение, но и дека се најголем предизвик за истражувачите заради комплексноста на целиот процес, од дизајн до реализација на истражувањето – вели Никола Спасов, директор на „Рејтинг“.

Појаснување на пресметката: Процентите се пресметани од определените гласачи во секоја од анкетите. Процентите кај ДИК се од 97% обработени избирачки места. Дополнителната обработка нема да промени ништо значително во оваа анализа.

Би можело да ве интересира

Објавена највлијателната анкета: Трамп води, гласачите сметаат дека Харис е премногу либерална

ВМРО-ДПМНЕ: Рејтинг на Спасов ги одработува тендерите и 10 милионскиот бизнис со народни пари, добиени од власта на СДС за да креира лажни вести и црн пи-ар

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Владата среде криза дала 400 илјади евра на Рејтинг за да ја нема Македонија на рекламите

Горан Наумовски

Рејтингот на Бајден на највисоко ниво од почетокот на јуни

А1он

Анкета на Рејтинг: 52,5% од граѓаните на Скопје се согласуваат дека состојбата во градот е подобрена во последните 4 години

Катерина Ѓуровски

Брима Галуп ги демантира лагите на Момироски, „Курир“ и „Нетпрес“, анкетата во која имаат предност СДСМ и Беса ја спровеле тие и е точна

Кристијан Ландов