Најмалку 60 жртви при уривање на покрив од црква во Нигерија

Од:

Најмалку 60 лица загинале, а десетици други се повредени при уривањето на покрив од една црква во Нигерија.

Во моментот на несреќата, во црквата имало повеќе стотина верници кои дошле да присуствуваат на свеченото именување на новиот бискуп.

Инцидентот се случил во градот Ујо, во југо-источниот дел на Нигерија.

Локалните медиуми стравуваат дека бројот на жртвите може да биде поголем, затоа што се верува дека под урнатините има се уште верници.

Меѓу присутните во црквата бил и гувернерот на нигериската провинција Аква Ибом, Удом Емануел, но за него се вели дека ја преживеал несреќата.

Црквата во која се урна покривот, била се уште во градба, а работнците брзале да ја оспособат за свеченото именување на новиот бискуп.

Сведоци изјавиле дека покривот паднал врз луѓето во црквата само 20 минути по отпочнување на религиозната миса.

Уривањето покриви, како и уривањето новоизградени објекти, не е реткост во Нигерија. Според локалните медиуми, причини за ваквите случаи најчесто се користење нестандардни материјали при изградбата, како и непочитување на градежните прописи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он