Распишана објава за отуѓување на градежно земјиште сопственост на РМ

Од:

Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање, наменето за изградба на објекти со комерцијална и деловна намена во општина Центар, предвидено со Детален урбанистички план „Дебар Маало 1“, донесен од општина Центар.

Од Министерството информираат дека земјиштето е со вкупна површина од 5.675 метри квадратни и дозволена висина до венец од 18 метри.

– Станува збор за локацијата на којашто во моментот се наоѓаат просториите на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор и целта е преку реализирање на ова јавно наддавање, е ова акционерско друштво да добие нови, современи и репрезентативни простории во кои истото ќе функционира, се наведува во соопштението.

Согласно распишаната објава, најповолниот понудувач, по изградба на објектите предвидени со Деталниот урбанистички план „Дебар Маало“ е должен 4.000 метри квадратни од вкупно изградената површина да ги пренесе во сопственост на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор и тоа деловниот простор да се наоѓа на приземје, прв или втор кат од изградените објекти.

Почетна цена на електронското јавно наддавање изнесува 6.000 денари од метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 27.12.2012. Право на учество во јавното наддавање имаат физички и правни лица кои ги исполнуваат сите критериуми утврдени во распишаната јавна објава.

Целосниот текст на јавната објава може да се прочита на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски – www.mtc.gov.mk.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Владата планира капитацијата за матичните лекари да се движи помеѓу 20 и 30 отсто

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба