Откако едниот Кастро замина, се отвараат прашања што ќе направи вториот?

Од:

Њујорк тајмс – Њујорк

За половина век, во кој Фидел Кастро ја претвори Куба во комунистичка држава и водеше борба со Соединетите држави, брат му Раул работеше во негова сенка. Тој беше дисциплинираниот помлад партнер на авторитарниот лидер.

Откако ја презеде претседателската власт во 2006 година, а две години подоцна застана и официјално на оваа функција, до смртта на својот постар брат, Раул Кастро ја претвори Куба во земја непозната во многу аспекти, но сепак разочарувачки истата.

Раул смени некои од нормите кои Фидел ги сметаше за свети, и со тоа го подри комунстичкиот скелет кој го изгради брат му. Светот се збуни кога тој договори излез од задна улица во дипломатските односи со САД, кои Фидел толку ревносно ги бранеше во изминатите 50 години.

Сега Куба е имено држава на Раул – остров на кој родените во новиот милениум разговараат со своите братучеди по Скајп, каде рестораните бараат да обезбедат млади тиквички од приватни фарми, а американските туристи ги поплавуваат улиците на старата Хавана.

И покрај сето тоа, тој здраво ја држи власта благодарение на лојалните воени лидери на клучни позиции и на новиот економски курс во кој приватното претпримеништво игра главна – но не и заканувачка  улога.

Всушност, Фидел почина во време на огромна несигурност. Регионалниот благодетел на Куба, Венецуела, економски се распаѓа. Многумина Кубанци се обидуваат да стигнат до САД додека се уште се во сила специјалните привилегии за емиграција.

По многуборјните промени, кои ги направи претседателот Обама за да ги доближи двете земји, се случи нешто непредвидливо: изборот на Доналд Трамп кој се закани дка ќе ги сопре напорите за затоплување меѓу двете страни, освен ако успее да извлече уште отстапки од владата на Кастро.

Кубански претставници велат дека и претходно преживувале политички и финансиски стресови – американското ембарго, распадот на Советскиот сојуз, економските незгоди во Венецуела.

Сега кога Фидел го нема, едно дамнешно прашање може да добие одговор: дали тежината на неговото наследство го сопира Раул да го растури начелно саканиот систем кој брат му го изградил, или бавните колебливи чекори кон промени се одраз на сопствената желба на Раул да вдахне нов живот во еднонасочната кубанска економија, без да ги ослаби структурите на државната власт.

Роберто Бејга, директор на Куба посибле, организација од Хавана која учествува во политичкиот дијалог, рече дека „смртта на Фидел длабоко ќе го засегне народот“ на островот, но нема да го смени патот кон развој на земјата.

Пензионираниот црковен историчар, Лопес Олива, очекува промена. Иако не се радува на тврдокорноста на Кастро, тој рече дека е понесен од можностите на земјата која таа може да и ги даде на иднината на Куба. „Ова е крајот на една епоха и почеток на друга“, смета тој.

Некои експерти тврдат дека Раул се воздржал од вистински економски реформи затоа што брат му бил против нив. Според некои, Фидел ја спречил Кубанската комунистичка партија да објави нови големи потези на партискиот конгрес кој се одржа годинава, рече Лопес.

Тој дополни дека Кубанците сакаат економски промени, затоа што порастот на туризмот изгледа покажал непријатно влијание пренасочувајќи ја храната и други производи кон туристичкиот сектор. дефицитите се чести, а нервозата заради тоа расте.

Лопес, кој живее со 12 долари пензија, рече дека дека неодамна бил принуден да продаде две луксузни стари лампи за да си купи храна.

Раул покажува подготвеност да го смени курсот. Брајан Лател, поранешен аналитичар во ЦИА кој со децении одблизу следи што се случува со раководството на Куба, вели дека односите меѓу браќата Кастро на времето биле како телевизиско шоу. Фидел играл настојчив, генијален режисер кој искажувал смели погледи, додека Раул бил човекот зад кадрот кој се грижел микрофонот да работи, актерите да си ги добијат хонорарите, и се да оди според сценариото.

– Но кога Фидел се повлече, Раул почна да се чувствува послободен да ја насочи продукцијата во друга насока, но да се придржува кон сценариото, рече тој.

Раул долго време се претставувал како продолжувач на револуцијата и ветувал дека ќе создаде „просперитетен и стабилен социјализам“.

Тој беше човекот кој не беше задоволен од разузданата државна бирократија и корупција, и тврдеше дека бројот на вработените во државниот сектор треба да биде намален.

– Треба веднаш да го искорениме сфаќањето дека Куба е единствената земја во светот во која може да се живее без да работи, рече тој во 2010 година пред Националното собрание на народната власт (парламентот).

Тој смени мнозина од раководните кадри на Фидел со свои доверливи сојузници во армијата. Отвори ограничен простор за мало приватно претприемништво, воведе покачување на платите во зависност од завршената работа, и ги намали државните субвенции. Јавно ги отврфли „трите принципи на фиделизмот“: патернализмот, идеализмот и егалитаризмот“, рече Лател.

Фидел продолжи да се повлекува од јавниот и општествениот живот во август 2006 година, кога тешка болест на цревата го принуди привремено да му ја отстапи власта на Раул, а потоа во 2008 и за постојано.

Молчењето на Фидел откако САД и Куба во 2014 објавија дека ќе воспостават дипломатски односи, беше интерпретирано од кубански и странски експерти како знак дека кубанскиот лидер е многу болен.

Некои набљудувачи на Куба се прашуваат дали пробивот со САД можел да биде постигнат ако Фидел се уште беше на власт или во подобра здравствена состојба. Други пак сметаат дека промените се случиле со поддршка на Фидел или барем дека Раул го сторил тоа верувајќи дека дејствува според препораките на брата си.

Во изјава за телевизија, во која го објави приближувањето со САД, Раул рече дека неговата подготвеност за преговори е „позиција која е јавно и лично изразена до американската влада од нашиот другар Фидел во различни моменти од нашата долга борба“.

И покрај тоа што Раул директно ги контролира нештата и е очигледно во многу добро здравје, многу луѓе во и надвор од Куба се прашуваат што ќе дојде по него.

Осумдесет и пет годишниот Раул вети дека ќе се повлече од власта во 2018 година. Неговиот потпретседател и поранешен министер за високо образование, Мигел Марио Диаз-КанелБермудес, се очекува да ја преземе претседателската позиција. Но во недостапните, стриктно чувани кругови во кубанската политика, не е можно со сигурност да знаеме што ќе се случи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД