Во октомври издадени 291 одобрение за градба

Од:

Во октомври годинава се издадени 291 одобрение за градење што е за 10,7 отсто помалку во споредба со истиот месец од претходната година. Со нив е предвидена изградба на 675 станови со вкупна корисна површина од 52.163 метри квадратни.

Според податоците на Државниот завод за статистика, предвидената вредност на објектите за кои е издадено одобрение за градба изнесува 2,824 милијарди денари што е за 44,1 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 187 или 64,3 отсто се наменети за објекти од високоградба, 36 (12,4 отсто) за објекти од нискоградба и 68, односно 23,3 отсто за објекти за реконструкција.

Од вкупно 291 објект, на 193 (66,3 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 98 (33,7 отсто) инвеститори се деловни субјекти.

Би можело да ве интересира

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

А1он