Италијанската полиција разби голема мрежа на нарко дилери

Од:

Италијанската полиција разби голема меѓународна мрежа на нарко дилери и уапси 94 лица, јавија италијанските медиуми вчера.

Полицијата на Фиренца и Пиза успеа да ја растури оваа мрежа на дилери, кои делувале ширум Италија после две и пол години опсежно истражување, пренесува агенцијата АНСА.

Во центарот на организацијата се наоѓала банда на албански нарко дилери, кои, како што покажало истражувањето, дрогата ја увезувале од плантажите на опиум од Авганистан и Тајланд преку Грција.

На нив им помагале банди на италијански и туниски дилери, кои дрогата ја растурале во Италија.

Истрагата започнала во април 2010 година, по откривањето на товар од 15 килограми хероин вреден околу 300.000 евра, кога се уапсени неколку Албанци, наведува АНСА.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца кумановци за поседување дрога

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски