Европската филмска академија (ЕФА) наградата за најдобар европски филм синоќа ја додели на остварувањето „Аmour“ (Љубов) на сценарио и режија на Михаел Ханеке во австриско-француско-германско продукција.
На свечената церемонија на доделување на ЕФА, 25-то по ред што се одржа на Малта, за најдобар режисер за 2012 е прогласен исто така Михаел Ханеке за филмот „Amour“, чии актери Емануел Рива и Жан-Луј Трентијан освоија награди за најдобар актер и актерка.
Филмот „ЉУбов“ остана само без наградата за сценарио, која припадна на данскиот филм „Јagten“ (Лов), на Тобиас Линдхолм и Томас Винетбергер.
ЕФА за најдобар документарен филм го прогласи швајцарскиот „Hiver nomade“ (Зимски номади) на Мануел фон Штирлер.
Награда за европски придонес во светската кинематографија ја доби актерката Хелен Мирен од Велика Британија, а за животно дело режисерот Бернардо Бертолучи од Италија.
Будевијн Куле од Холандија е добитник на наградата за Европско откритие – наградата FIPRESCI – за филмот „Каубој“.
Европската филмска академија во септември објави листа од 47 филмови од 31 земја, како кандидати за номинација за ова признание, а за победниците одлучуваа над 2.700 членови на ЕФА ширум Европа.