УНИЦЕФ: Една четвртина од децата низ светот живеат во зони на конфликти или катастрофи

Од:

Околу 535 милиони деца низ светот, или секое четврто дете живее во зони што се зафатени од конфликти или природни катастрофи, информира денеска Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), цитиран од ДПА.

Организацијата предупреди дека овие деца често пати немаат пристап до медицинска нега, образование, храна или заштита и поради тоа се поранливи од болести и насилство.

Над 390 милиони деца, зафатени со вакви критични околности, живеат во Субсахарска Африка, а приближно 65 милиони се изложени на кризите на Блискиот исток.

– Независно од тоа дали децата живеат во земја во конфликт или во мирна земја, нивниот развој е животно важен не само за нивната индивидуална иднина, туку и за иднината на нивното општество, посочува извршниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк.

Новите податоци се објавени во предвечерието на 70-годишнината од формирањето на УНИЦЕФ, настан што ќе се одбележи во недела.

Би можело да ве интересира

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел