(ВИДЕО) За Авировиќ, Никола е Николае Груевски

Од:

Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Бутел повика грѓаните на 11. декември да излезат и да гласаат за Груевски. „Гласајте за Николае Груевски, гласајте за себе“, рече таа.

– На 11. декември гласајте за бројот еден. Вие сте хероите на Македонија. Гласајте, нема да се покаете. Ние тоа што го ветуваме го остваруваме. Затоа што Македонија не смее да има повеќе предавства, дошта беше од Зајковци, на 12. декември ќе си одат таму кај што припаѓаат, предавството ќе го казниме, вели Авировиќ.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата в недела ќе освои 65 пратеници во Собранието.

– Затоа драги браќа, на 11 декември до 12 часот, сите во рака со пенкалата, тоа ќе биде најголемото херојство. Секој се бори на свој начин. Груевски е херој затоа што се бори да ја крене Македонија економски. Јохан се бори со други методи, со пушка, затоа што ја сака Македонија. Вие ќе се борите со пенкало, затоа што ја сакате Македонија, рече Авировиќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира