Џонсон: Саудиска Арабија и Иран се марионети

Од:

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон ја обвини Саудиска Арабија, која е британски сојузник, дека се вклучува во „посреднички војни“ на Блискиот Исток, јави Би-Би-Си.

Весникот „Гардијан“ објави видеоснимка од конференција во Рим на која Џонсон вели дека Саудиска Арабија и Иран „се марионети поради недостиг на силно лидерство“.

– Постојат политичари кои ја злоупотребуваат религијата и различните струи на една иста вера во корист на остварување на политички цели. Тоа е еден од најголемите политички проблеми во целиот регион и е трагедија за мене. И тоа е една од причините зошто постојат „посреднички војни“ против кои постојано се бориме, рече Џонсон.

Коментирајќи ја изјавата на Џонсон, портпаролот на британското Министерство за надворешни работи рече дека министерот бил мошне јасен кога рекол дека Велика Британија е сојузник со Саудиска Арабија и дека ја поддржува во напорите да ги обезбеди границите и да го заштити народот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран