Брилијантните умови од комапнијата „MB&F“ направиле соработка со швајцарската компанија „ Caran d’Ache“ со цел да креираат прекрасно пенкало, наречено „Астрограф“.
На тој начин е создадено воодушевувачката механичка ракета-пенкало.
Со тело во облик на ракета, минијатурен астронаут и кутија која е дизанирана како платформа за лансирање.
На овој проект е работено цели четири години со цел се да биде завршено и префинето, бидејќи само инструментот за пишување има 99 пискарени, сатенски и родиумски компоненти, со три ногалки за стабилизирање кои му овозможуваат да стои вертикално.
„MB&F“ не импресионира со завршните детали од родиум со висок сјај, пискарен мат родиум за ролерот на пенкалото и рутениумски антрацит украси.
Притоа, перото на пенкалото е направено од 18-каратно злато кое е обложено со родиум.