Богоески и Кекеновски: Груевски не бара 63 пратеника, туку бара 63 послушника

Од:

Слободан Богоески и Јове Кекеновски носители на листи за кандидати за пратеници на Коалицијата за промени и правда во изборната единица бр. 4 и бр. 2 денес во Прилеп одржаа средби со граѓаните како и со повеќе граѓански и невладини организации и асоцијации.
Во своето обраќање Кекеновски осврнувајќи се на односот помеѓу централната и локалната власт и посебно потенцираше и објасни зошто Груески панично и хистерично бара 63 пратеника!?

Груевски не бара 63 пратеника, туку бара 63 послушника, амали на неговиот срам. Тој бара 63 послушника:
• за да може да се спаси од она што го чека веќе на 12 декември 2016.
• за да може и понатаму како и досега непречено да не осиромашува и омаловажува,
• Груевски бара 63 послушника бидејќи е апсолутист и не умее дa влaдее без aпсoлутнa влaст.
• Затоа што сака да има кoнтрoлa над се во државата. Токму поради тоа со неговиот братучед вршеле нелегално снимање на илјаданици граѓани па дури и на неговите најблиски
• бара 63 послушника за да со други македонски политички партии не ја дели власта и за да не прави компромис со никој, освен со Ахмети и Муса Џафери. Со овие двајца не е само брат по бизнис, туку и брат во заедничкото разградување и распродажба на државава.
На минатите и пред минатите избори исто така бараше и доби 63 послушника. Со нивните два прста тој го направи најголемото зло над македонските граѓани.

Бидејќи заканите уцените и подмитувањето на граѓаните добива се поголем замав, како и притисоците врз администрацијата, го повикувам министерот за внатрешни работи и министерот за информатичко општество и администрација, наместо да одат по цел ден на митинзи и собираат политички поени да се посветат на спречување на овие злоупотреби. На овој начин тие покажуваат неодговорност и неспремност да се носат со функцијата која им е доверена од страна на граѓаните на Република Македонија.

Носителот на листата во ИЕ 4 Слободан Богоески на Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА ги повика граѓаните на Република Македонија масовно да излезат на гласање за да се сруши режимот на Никола Груевски. Овие избори се еднакви по важноста како и референдумот во 1991. Тие ќе бидат референдумско изјаснување на народот од една страна, а од другата страна криминалците од власта. Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА е симболот на борбата против ненародниот режим на Никола Груевски и надеж за Македонските граѓани дека никој пат повеќе нема да ни се повтори друга криминална власт

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно