Во Штип трибина „Емоционална интелегенција и стресот во изборот на однесување“

Од:

Студенти и професори од неколку факултети на Универзитетот „Гоце Делчев“ беа дел од трибината насловена „Емоционална интелегенција и стресот во изборот на однесување“.

Предавачи на трибината беа проф.д-р Методи Чепреганов и Теодора Костовска, учител по програмите „Аrt of living“. Проректорот за развој и инвестиции при УГД –Штип, Кирил Барбареев рече дека целта е студентите да се запознаат и да стекнат култура на користење на она што ни се случува во текот на денот.

-Дел од предавањето може да биде многу корисно и за студентите од Факултетот за медицински науки, но ова предавање ќе биде корисно и за сите останати студенти и како што може да се забележи има голем интерес за ова предавање, рече Барбареев.

Универзитетскиот професор Чепреганов истакна дека темата стрес била актуелна низ сите векови, а и ден денеска е актуелна.

Превентивата од стресна состојба забележува Чепреганов зависи од личноста, психо профилот на човекот кој го прима стресот и каква ќе биде неговата реакција.

Теодора Костовска учител по програмите „art of living“ рече дека колку личноста работи на себе толку помалку трпи стрес.

– Значи во доменот на емоционалната интелегенција многу важно е човек да умее да ги препознае своите емоции, уште во нивниот зародиш, да може сето тоа убаво да го восприеми, да го обработи, да го процесуира и на адекватен начин да даде одговор, вели Костовска.

Универзитетските професори истакнаа дека треба да се работи на тема стрес, но и како луѓето да ја надминат таа состојба.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза