Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) кој заседава во Лозана, Швајцарија, донесе одлука за признавање на тајландски бокс и чирлидинг.
Овие два спорта ќе добијат и финансиска помош од ИОК за следните три години кои ќе се сметаат за пробен период за нивен развој и еден вид поддршка за да можат да аплицираат за учество на Олимписки игри.
Тајландскиот бокс има 135 национални сојузиод кои 60 признаени од нивните национални олимписки комитети. Овој спорт располага со 400 илјади регистрирани борци низ целиот свет.
Чирлидингот е спорт во развој застапен кај 100 национални сојузи со четири и пол милиони регистрирани натпреварувачи.
Со последната одлука на ИОК бројот на олимписки спортови се зголеми на 37.