Студиото „Вествеј Архитекст“ преуреди еден стар објект во италијанскиот град Милано во модерно „вртикално“ поткровје за сместување на работници во локалната железница.
Објектот, кој е изграден меѓу 1920 и 1924 година, е тесен, па дизјанерите се потрудиле да ја преуредат внатрешноста за да добијат станбен простор со површина од 60 метри квадратни на неколку нивоа, кои се меѓусебно поврзани со скали сместени долж носечките столбови.
Скалите се тесни и посатвени во цик-цак положба со што преку нив се обезбедува дирекна поврзаност на дневниот простор, трпезаријата, куната, спалните соби и зоната за фитнес.
Поткровјето има и тераса на која се излегува преку стаклена врата поставена на просторот во кој е сместена кујната.
Ретро екстериерот на градбата е во контраст со ентериерот, кој претставува мешавина на скандинавскиот и модерниот стил, со што се обебзедува поголема визуелна пространост на собите.