Заев: Минимална плата до 16 илјади денари, просечна до 30 илјади, ако не му е јасно на Груевски, марш!

Од:

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во Крива Паланка им се обрати, меѓудругите, и на работниците, на кои им порача дека на 11 декември одлучуваат за нивната егзистенција и повисоки плати и повика да изберат живот.

„Се обврзуваме, минималната плата во април 2017 дека ќе ја качиме на 12 илјади денари, до крајот на мандатот минималната плата ќе изнесува 16 илјади денари. Кога ќе порасне минималната плата, тоа ќе ја отвори спиралата на покачување и на другите плати. Државата преку буџетот ќе им помогне на домашните претпријатија. Ако народот има пари и дуќаните ќе имаат пари. Ако дуќанот има пари ќе има и повисоки плати за вработените. Така ќе има пари во државниот буџет, така државата преку буџетот ќе ги помага домашните фирми за да имаат можност да даваат повисоки плати и да отвораат нови работни места. Нашата цел е просечна плата во Македонија од 30 илјади денари. Со двајца вработени во секое семејство, тоа се илјада евра приход за достоинствен живот.

Ќе гинам на терен за секој млад човек. Ќе има просечна плата од 30 илјади денари. Ако не му е јасно на Никола Груевски, марш таму“, порача претседателот Заев во Крива Паланка

Би можело да ве интересира

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски