Заев од Дебар: Заврши времето на поделби, Македонија е обединета за живот

Од:

„Вечерва Дебар ја испрати најсилната порака до сите страни на Македонија, единствени, сплотени сме, обедените сме за нас, за нашите деца, за живот во Македонија“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Дебар.

„Оваа полна сала вечерва покажува дека заврши времето на поделби, како што не делеа во изминативе десет години по сите основи и партиски и национални. Покажавме и докажавме дека можеме да бидеме заедно во борбата за иднина тука во Македонија. Сакам да ви кажам дека на мене може да сметате како на брат. Стоите на вистинската страна. И покрај сите закани и притисоци вие вечерва дојдовте овде заедно, за да ги вратиме младите тука, сите заедно да градиме нов живот во Македонија“, додаде Заев.

Тој на митингот во Дебар ги повика сите административни работници, сите приматели на социјална помош и сите приматели на субвенции да се охрабрат да не се плашат повеќе од притисоци и закани и да се приклучат без страв во борбата за нов живот во Македонија.

„Ова не се избори за СДСМ или ВМРО ДПМНЕ, ова не се избори за политички партии, ова се избори за нас, за нашите деца, за нашите внуци. Ова се избори за нашиот живот, тука во Македонија. На 11-ти декември да го заокружиме бројот 4 и да ги вратиме слободата, демократијата, правдата и животот на сите“, порача претседателот Заев од митингот во Дебар.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно