Судскиот совет денеска бира в.д. претседатели на Врховен и на Кривичен суд

Од:

Судскиот совет на Република Македонија денеска ќе избира вршители на должност претседател на Врховниот и на Основниот суд Скопје 1.

На досегашните претседатели на двата суда, Лидија Неделкова и Владимир Панчевски им заврши мандатот.

Одлуката за определување на Вршител на должност-претседател на Врховен суд на Република Македонија и на Основен суд Скопје 1 Скопје, како што стои во соопштението на Судскиот совет, е втора точка на дневниот ред на денешната седница, по усвојувањето на записникот од претходната седница. На таа седница, што се одржа на 23 ноември, Судскиот совет одлучи да изврши вонредно оценување на кандидатите за претседател на Основниот суд Скопје 1, Врховниот суд и на основните судови во Тетово и во Штип

И Неделкова и Панчевски изразија желба и се кандидираа за повторен избор на досегашните функции, а доколку бидат избрани би стапиле на функција веднаш по завршувањето на предвремените парламентарни избори.

Освен Панчевски, кандидати за претседател на Кривичниот суд во Скопје се и судиите Иван Џолев и Владимир Туфегчиќ, а кандидатури за претседател на највисокиот суд во државата, освен Неделкова, поднесоа и поранешниот претседател на судот, Јово Вангеловски, судијката Снежана Бајлозова и нејзината колешка од Врховниот суд, судијката Беса Адеми.

Би можело да ве интересира

Како уште се толерираат вакви судии: Четиригодишно дете наместо на мајката, со пресуда го дадоа на таткото семеен насилник

Предраг Петровиќ

Филипче: Оксиморон е со партиски протести Мицкоски да се бори против наводно партизирано судство

Џолев: Не сме тука да водиме војни, проблемите во судството се заеднички

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови