Напад на иранската амбасада во Берлин, Вестервеле се извини, Иран бара истрага

Од:

Германскиот министер за надворешни работи, Гвидо Вестервеле, побара од градоначалникот на Берлин да се подигне нивото на безбедност за сите странски амбасади во главниот град на Германија. Повикот доаѓа еден ден откако 30-ина демонстранти упаднаа во просторот на иранската амбасада и ја гаѓаа зградата со камења.

Вестервеле од градоначалникот Клаус Воверајт побара брза реакција, наведувајќи ги и претходните инциденти што укажува на потребата за подобрување на безбедносната состојба за странските дипломатски представништва. Во текот на последните две години во Берлин се забележани 13 слични инциденти. Меѓу другите биле нападнати амбасадите на Либија и Нигерија.

Група “демонстранти” го симна иранското знаме и го запали во просторот на амбасадата на Иран во Берлин, полицијата наводно е немоќна

“Исто како што и ние очекуваме од другите земји да обезбедат соодветна заштита за нашата амбасада, така и ние мора да направиме сé што е во наша моќ да ги заштитиме странските дипломатски мисии”, рече Вестервеле преку неговиот портпарол.

Берлинската полиција соопшти дека маскирани демонстранти овој четврток користеле скала за да се качат преку ѕидот во просторот на иранската амбасада. Освен што зградата ја гаѓале со камења, го симнале знамето и го запалиле. Официјалната верзија на берлинската полиција вели дека полициските службеници кои беа присутни, и чија работа е да се заштити амбасадата биле “надвладеани” од страна на демонстрантите, кои им се “заканувале”.

Да потсетиме, ова не е прв пат припадниците на полицијата исклучително “бавно” да реагираат, кога се работи за напад врз иранските официјални претставници и дипломатските мисии. За време на годинешната сесија на Генералното собрание на ОН, на улиците на Њујорк е нападната иранската делегација, меѓу која се наоѓаше и портпаролот на министерот за надворешни работи на Иран Рамин Мехманпараст.

Во однос на барањето, кое доаѓа од германскиот министер за надворешни работи, градоначалникот на Берлин преку портпаролот порача дека заштитата на амбасадите е адекватна.

Германскиот министер Вестервеле контактирал по телефон со иранскиот министер за надворешни работи, Али Акбар Салехи и истакнал дека жали за инцидентот и дека иранската амбасада ќе ја добие потребната заштита. Салехи пак истакнал дека германската влада и полицијата требало да ја извршат својата должност и да се спречи инцидентот, згора на тоа, посочува дека амбасадата пред нападот ја предупредила полицијата. Салехи, исто така, бара да се спроведе сериозна истрага и да им суди на сите кои се вклучени во ова”грозоморно дело”.

Би можело да ве интересира

Заменик лидерот на Хезболах го напушти Либан, добил наредба од Иран итно да се евакуира

Експлозија во Германија: Голем број полицајци и експерти за експлозиви се на местото на настанот

Горан Наумовски

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

(ВИДЕО) Техеран откри кој стои зад нападот со дрон врз резиденцијата на Нетанјаху

Израелски медиуми: „Иран се обиде да го убие Нетанјаху“

Горан Наумовски

Иран и Хезболах му се закануваат на Израел по убиството на лидерот на Хамас

Катерина Ѓуровски