А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Отворени денови на Агенцијата за вработување во Кавадарци

by А1он02/12/2016 - 15:50158
Share0

Агенцијата за вработување денеска организираше Отворени денови во Кавадарци. Во рамки на акцијата, директорот на Агенцијата Влатко Поповски се сретна со работодавачи и невработени од овој регион. 

Добивај вести на вибер

– Во наредниот период дел од сугестиите ние ќе ги ставиме во оперативниот план. Ги повикувам и граѓаните на Кавадарци и околината, доколку имаат некоја идеја за нова мерка, начин или постапка, идеја да видоизмениме некоја мерка за таа да е уште поприфатлива за граѓаните, да ги достават до Центарот за вработување или пак на нашата електронска адреса. Секој од тие предлози или сугестии сериозно ќе ги земеме предвид за да ги имплементираме. Сега е време секој оној кој сака да сугерира дека некаде грешиме да достави мерки за да ги направиме соодветни на практиките, рече Поповски.

Средбата се одржа во новите простории на Агенцијата за вработување во Кавадарци, реновирани со грант од ЕУ. Тие сега како што додаде директорот, ги задоволуваат потребите за интервјуа, предавања, работилници и друго.

Раководителот на Центарот за вработување Кавадарци  Благојчо Борисов информираше дека од 2006 година наваму, со активните мерки има околу 3.500 вработувања.  -Интересот е голем и им излегуваме во пресрет на сите. Во текот на една година има повеке мерки со разна динамика. И во 2017 година исто така има најавено мерки кои ќе ги спроведеме. Самовработувањето е едно од најпосакуваните. Од 2010 до денес невработеноста се намалува по 1 отсто годишно, нагласи Борисов.

vrabotuvanje

Би можело да ве интересира

ДУИ: Вработувањата во државните институции се одвива селективно

Горан Наумовски03/07/2025 - 17:11

Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години

Катерина Ѓуровски28/05/2025 - 13:00

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Александар Тодески17/01/2024 - 10:16

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Горан Наумовски21/09/2023 - 14:00

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on15/08/2023 - 11:3915/08/2023 - 14:25

Владата преку Фонд за млади умови и засилена практична настава ќе ја зголемува вработеноста на младите

А1он08/09/2020 - 08:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен