Груевски: Земјоделски субвенции од најмалку 150 милиони евра годишно

Од:

Ново повеќенаменско игралиште во Канатларци, 161 апарат за прилепската болница во вредност од 1,2 милиони евра, доградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, реконструкција на патните правци Прилеп – Кадино Село – Боротино и Прилеп – Битола, две нови градинки во Прилеп и реконструкција на повеќе спортски објекти, вети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната средба со жителите на прилепско Канатларци.

Носителот на изборната листа во четвртата Изборна единица нагласи дека и во иднина ќе продолжи субвенцијата од 60 денари за откупен тутун и посочи дека годинава тутунот има добра просечна цена од 180 денари.

– Субвенциите ќе продолжат и во наредните четири години. И во иднина можете да сметате на полна поддршка на земјоделците со најмалку 150 милиони евра годишно, рече Груевски.

Потсети дека во минатото воопшто немаше субвенции за земјоделците, а по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт субвенциите почнаа постепено да се зголемуваат од првичните неколку милиони евра на 45 милиони евра во 2008, 75 милиони во 2009, 110 до 2011….

– Со нас сте на сигурно, има други што доаѓаат и ќе ви ветуваат се и сешто. Сетете се дека кога беа на власт не ви даваа ништо. Горе долу и сега се истите луѓе и ви нудат ветувања од ракав, рече Груевски.

Со нас, нагласи, сигурно ќе имате поддршка и во наредните четири години и потсети дека во последните пет години во општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани вкупно се доделени 55 милиони евра субвенции за земјоделците.

– Кога даваме ветувања ние сме внимателни, а многу често потоа правиме нешто и што не сме го ветиле, рече Груевски и потенцира оти гледа дека опонентите ветуваат се и сешто без конкретни рокови и пари.

Груевски, ги потсети земјоделците од Канатларци на дел од ветувањата во програмата „Реално“ за наредните четири години во која меѓу другото е предвидено по 20 милиони евра годишно за развој на македонското село, наместо со 50 отсто за набавка на трактори и земјоделска механизација, 60 отсто да овозможува државата, а 40 отсто земјоделецот, државата да субвенционира 60 отсто од трошоците за осигурување на посевите, воведување на професионални земјоделски советници кои покрај земјоделски совети ќе нудат и економски совети за земјоделците, субвенционирање од 80 отсто за воведување на систем „капка по капка“, 80 отстотна помош од државата за набавка на високоприносен добиток, нов проект за рурални развојни зони, за сите 1650 македонски села  во кои сите што ќе изградат капацитети и ќе добијат луѓе ќе добијат стопостотно ослободување од персоналниот данок и на добивката за период од 10 години, 50 отстотен попуст за придонеси за пензиско и здравствено осигурување, по 2.000 евра за вработување на ново лице или по 4.000 доколку станува збор за стечаец, 10 процентна помош од државата за изградба на објектот….

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450