Екипите на Фенербахче и на ЦСКА Москва остварија минимални победи на синоќа одиграните дуели од 10.коло од кошаркарската Евролига. Фенербахче го совлада Реал Мадрид, а решавачките поени во последните секунди ги постигна Џејмс Нунали откако реализираше едно од двете слободни фрлања. Нунали со 18 поени беше и најефикасен на натпреварот. На дуелот Бамберг – ЦСКА решавачкиот кош за победа на гостите го постигна Витали Фридзон.
Резултати и двојки од 10.коло: Фенербахче – Реал Мадрид 78:77, Бамберг – ЦСКА 88:90, Уникс Казан – Армани Милано 100:79 и Макаби – Анадолу Ефес 77:86. Денеска се играат натпреварите: Дарушафака – Олимпијакос, Црвена Звезда – Жалгирис, Басконија – Галатасарај и Барселона – Панатинаикос.
Табела: ЦСКА Москва 9-1 (победи-порази), Реал Мадрид 7-3, Фенербахче 7-3, Панатинаикос 5-4, Олимпијакос 5-4, Дарушафака 5-4, Басконија 5-4, Макаби 5-5, Анадолу Ефес 5-5, Црвена Звезда 4-5, Барселона 4-5, Армани Милано 4-6, Жалгирис 3-6, Галатасарај 3-6, Уникс Казан 3-7, Бамберг 2-8.