Во Тетово одбележан Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

Од:

Во пресрет на 3-ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, денеска во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово под мотото „Ајде да запееме“ манифестација одржаа локалното Здружение за церебрална парализа во соработка со специјалните паралелки од основните училишта „Лирија“ од Тетово и „Симче Настески“ од Вратница, заедно со децата од Дневниот центар во градот. 

– Ова е наша традиционална манифестација што секоја година ја организираме за да го одбележиме Светскиот ден на лицата со посебни потреби. Во досегашните изданија децата цртаа, изработуваа разни украси, имавме и изложба на нивни фотографии, а годинава се решивме да организираме нивно пеење на микрофон.  Целта ни е да се собереме, да се забавуваме и да се дружиме но на овој начин и да испратиме една порака дека овие лица и деца постојат и оти и државните и локалните институции треба да преземат уште повеќе мерки и активности за да им се олесни животот на лицата со посебни потреби, изјави претседателот на Здружението за церебрална парализа од Тетово Зоран Андонов.

Според Андонов, децата и лицата со посебни потреби покажале голема заинтересираност да пеат уште со самата најава за тоа,  а денешната  атмосфера полна со радост е знак дека организаторите не згрешиле и придонеле оваа категорија граѓани да покажат дека сакаат и умеат да се забавуваат.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски