Балкоски: Да се врати надежта на македонските граѓани

Од:

 Носителот на изборната листа од втората изборна единица, Љупчо Балкоски од Коалицијата „ВМРО за Македонија“, заедно со кандидатите за пратеници од оваа изборна единица на денешната прес-конференција во Куманово истакна дека се залагаат за враќање на надежта на македонските граѓани, а тоа, како што рече, може да се случи исклучиво преку економија, враќање на државата кон евроатлантскиот пат и демократијата.

– Кампањата што ја спроведуваме во изминатиот период ги надминува нашите очекувања, затоа што од почетокот, па се до денешен ден ,секој ден нашите анализи покажуваат дека ни се приклучуваат се поголем број граѓани што ја сакаат третата опција и сакаат да избегаат од црно белата политичка слика што ја создаваат ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ, рече Балкоски.

Тој додаде дека граѓаните на Куманово најдобро го чуствуваат тоа, бидејќи, објасни, на централно ниво е ВМРО-ДПМНЕ, а на локално СДСМ.

Балкоски потенцира дека граѓаните мора да знаат дека не се избира локална власт или директор на комунално претпријатие, па затоа и не мора да се фокусираат на програмите на двете партии кои се натпреваруваат меѓу себе кој имал поголема програма, туку да се фокусираат на избор на пратеници кои ќе ја формираат идната Влада, која треба да ја преземе одговорноста и да ја врати државата на патот кон евроатлантските интеграции.

– Македонија мора да се врати на патот кој Европа, да ги почнеме преговорите и во најбрз рок да станеме членка на НАТО, потенцира Балкоски.

Додаде дека на средбите со граѓаните, кандидатите за пратеници им посочуваат дека мора да се врати надежта и напредок на земјата во сите сегменти.

– Тоа се постигнува преку демократија, економија, влез во ЕУ и НАТО. Коалцијата „ВМРО за Македонија“ ќе направи се да ја врати изгубената надеж на граѓаните, рече Балкоски и потенцираше дека се повеќе луѓе се иселуваат од државата.

Низ секојдневните конаткти, истакна, се обидуваме да ја пренесеме таа надеж и граѓаните да сфатат дека единствено само со развој и технолошки напредок, можеме да ги задржиме младите во државата.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“