Божиќната елка пред центарот „Рокфелер“ на Тајмс сквер во Њујорк синоќа свечено е осетлена во присуство на повеќе илјади граѓани.
Елката висока 26 метри и тешка 14 тони украсена е со 50 илјади сијалички кои ќе светат до 7 јануари.
Врвот на норвешката смрека е ускрасен со ѕвезда од Сваровски кристали.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио го запали божиќното осветлување кусо пред 21 часот по локално време.
Палењето на божиќното осветлување во центарот на Менхетен за многумина претставува симболичен почеток на празничната сезона. Оваа новогодишна традиција почна од 1931 година.