Германското дизјанерско студио „Минд Архитектс“ ја проектираше куќата „Холцмасивхаус“, која се истакнува со својот флексибилен и модерен изглед.
Сметстена во франкфуртското предградие Мајнц-Бишофсхелм, оваа куќа претставува комбинација на семен дом и деловен простор, која на нејизните сопственици им овозможува современ урбан живот.
Куќата е проектирана на начин што овозможува станбениот дел да ја задржи својата приватност, додека просторот каде што се сместени канцелариите има јавен карактер во согласност со деловните потреби.
Во приземјето на куќата се сместени деловните простории, како и просторот за дневен престој, трпезаријата и кујната, додека на горните два катот се наоѓаат спалните соби.
Куќата има внатрешен двор кој е отворен кон приватниот дел од објектот, од каде се нуди преубав поглед преку прозорците кои се протегаат од подот до таванот.