Канада има листа на непосакувани српски политичари

Од:

Вечерење новости – Белград

Во Канада се уште е во сила член од законот според кој не им се дозволува влез во земјата на највисоките функционери на некогашна СРЈ и Србија, кои беа на клучни функции од 1998 до октомври 2000 година.

Со оглед на тоа дека во тој период на најважните државни позиции како министри во Владата на Мирко Марјановиќ, доколку ваквите прописи буквално би се применувале, на административни пречки при влез во Канада, можат да наидат и Томислав Николиќ, Александар Вучиќ, Маја Гојковиќ, Јоргованка Табаковиќ, Воислав Шешељ, Милован Бојиќ, Милан Беко…

Под „удар” на канадските закони потпаѓаат и Момир Булатовиќ, Зоран Лилиќ, Живадин Јовановиќ и Вук Драшковиќ, кои беа членови на Сојузната влада во спорниот период. А тука е и Милан Милутиновиќ, како поранешен претседател на Србија.

Имено, во дописот доставен до „Новости” од Канадската гранична агенција (ЦБСА) наведено е дека владите на Сојузна Република Југославија и Република Србија под Слободан Милошевиќ се означени како режими кои направиле грубо кршење на човековите права и меѓународното право од 28 февруари 1998 до 7 октомври 2000 година и дека според канадскиот Ззакон за имиграција и заштита на бегалците, функционерите на таквите режими не се добродојдени.

На списокот на потенцијално непосакувани, како што е објаснето во дописот, се наоѓаат сите функционери кои имале значајна улога во креирањето на државната политика и во носењето на одлуките во наведениот период, шефови на држави или влади и нивните советници, членови на владите, амбасадори и високи дипломатски службеници, високи функционери во војската, полицијата и судството.

Поради тоа шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ започна разговори со колегите во Отава, со цел Канада конечно да ги укине овие рестриктивни мерки.

Како што изјави Дачиќ за „Новости”, Канаѓаните, за разлика од некои други земји, немаат класични листи на државјани од Србија под санкции, туку применуваат општо правило кое може да се однесува на сите кои тогаш биле во власта и во војската или полицијата.

– Тоа оди се до рангот на советници или чин мајор. Другите држави имаа списоци за непосакувани лица и многу од тие листи се укинати, вели министерот.

Иван Мркиќ, поранешен шеф на дипломатијата, а сега советник на претседателот Николиќ, вели дека прописите кои се во сила во Канада, се нереални.

– Навистина немаат никаква смисла ниту врска со реалноста, да постојат прописи според кои луѓето кои денес се на високи позиции во Србија и во Црна Гора да не се добродојдени во Канада. Не можам ни да замислам ситуација во која претседателот Николиќ би бил вратен од граница, вели Мркиќ.

Живадин Јовановиќ, шеф на дипломатијата во Владата на СРЈ, изјави дека Канада е единствена земја која применува ваква рестриктивна политика, која според него е надмината и застарена.

– Не сум патувал во таа земја, иако првата служба во дипломатијата ми беше во Канада. Многу мои колеги кои и денес се во дипломатската служба имаат семејства во Канада и не можат да ги посетат бидејќи им било советувано да не се ни обидуваат да ја минат границата, наведе Јовановиќ.

На историчарот Срѓа Трифковиќ пред пет години му бил забранет влез во Канада, бидејќи наводно бил функционер во Република Српска.

Тој за „Новости” вели дека гостопримството во Канада тогаш му било ускратено на инсистирање на муслиманските лоби организации во земјата, каде требало да држи предавање, а како грев му биле припишани изјавите во кои го негира геноцидот во Сребреница.

– Ја тужев државата Канада и пред неколку месеци добив пресуда од Врховниот суд во Торонто во моја корист, изјави Трифковиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија