Појде поворката со урната на Фидел Кастро

Од:

Поворката со урната со останките на поранешниот кубански претседател Фидел Кастро  појде на четридневниот пат долг 800 киломатри – од Хавана до Сантјаго, местото во источниот дел на земјата, каде ќе биде положена.

Урната, во ковчег покриен со кубанско знаме, ја понесе кубанскиот министер за одбрана.

Поворката со урната ќе помине низ селските заедници кои за времето на владеењето на Кастро неверојатно се променија благодарение на социјалните и економските реформи.

Илјадници Кубанци излегоа на улица, со цел да се збогуваат со посмртните останки на Кастро, а некои дури и преноќиле на тротоарите.

Останките на починатиот револуционер ќе бидат погребани в недела, кога ќе се заврши деветдневната жалост за човекот кој управуваше со земјата повеќе од 50 години.

Патот на кој ќе помине поворката со урната претставува потсетување на патот кој Кастро и неговите приврзаници го поминале откако ги победиле силите на диктаторот  Батиста во 1959 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД