Во октомври годинава е забележано номинално зголемување на прометот во трговијата на мало, освен трговијата со моторни возила и мотоцикли за 6,9 отсто, а реално за 5,6 отсто во споредба со истиот месец лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, гледано по групи и класи, номинално зголемување на прометот за 14,2 отсто, а реално за 14,5 отсто е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, кај Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номиналното зголемување е 10,5, а реално за 10,6 проценти, а кај Трговија на мало, освен трговија со горива има номинално зголемување за 12,1, а реално за 10,8 отсто.