Американскиот Сенат одобри нов пакет санкции за Иран

Од:

Американскиот Сенат едногласно одобри нов, трет пакет санкции за Иран.

Санкциите, кои се донесени како амандмани со воениот буџет кој Сенатот моментално го разгледува, се однесуваат на иранските енергетски компании, бродосопствениците и бродоградителите, како и на банките.

Целта на санкциите е ограничување на пристапот на овие компании до услигите на меѓународното осигурување, како и спречување на можни приходи за Иран од продажба и транспорт на енергенси.

Новиот пакет санкции, како што се наведува во документот, предвидува „ширење поддршка од САД за човековите права во Иран“ и гонење на иранските функционери кои ја „пренасочуваат“ хуманитарната помош, која е испратена за оние на кои им е потребна.

За овој пакет санкции да стапи во сила, предлог законот за воениот буџет треба да биде одобрен од Сенатот и Претставничкиот дом, како и да биде потпишан од претседателот.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји