Акумулациите на Црн Дрим подготвени да прифатат обилни дождови

Од:

Акумулациите по течението на реката Црн Дрим се подготвени да ги прифатат водите од дождовите во наредниот период, оцени директорот на ХЕЦ „Црн Дрим“ Тони Маркоски.

Нивото на акумулациите, според него, е во рамките на просечното за овој период на годината.

– Тоа е посебно важно за Охридското Езеро за да не дојде до несакани поплави. Квотата на Езерото треба да биде како што е во моментот 693 метри и 32 сантиметри. Може да очекуваме дожд, спремни сме за максимални водотеци на ова подрачје да ги прифатиме без последици по населението, истакна Маркоски.

Тој потсети на дотокот на водата од реката Радика кој пред две – три недели однесе големи количини отпад во Дебарското Езеро и предизвика еколошка катастрофа.

– Пред 2-3 недели имаше поголеми дотеци од реката Радика и донесоа екстремно голема количина вода за само неколку дена. Водата низ речното корито понесе се што најде, дрва, комунален отпад… Направи штети во Дебарското Езеро, го наполни со отпад кој организирано со локалната самоуправа треба да го отстраниме, рече Маркоски.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски