Изборот на стил за мал стан во поткровје се сведува на максимално користење на просторот. Малото поткровје во Стокхолм е уредено во скандинавски стил со кој максимално е искористен секој агол.
Тоа не значи без детали, но мора да се знае да се искористат орманите кои штедат простор и нудат скриени карактеристики и функции кои не го нарушуваат изгледот на станот.
Дневната соба визуелно е поврзана со трпезаријата, додека белите ѕидови и декорацијата во сива воја придонесуваат да нема визуелна фрагментација. Акценти од зелена боја се појавуваат во целото поткровје со помош на собните растенија и отоманот кој е сместен до елегантниот камин.
Елементите во кујната се со сина боја.
Спалната соба е во сива и бела боја.