Началникот на ГШ Величковски на конференција на А5 во Сплит

Од:

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски денеска во хрватскиот приморски град Сплит ќе присуствува на дваесеттата Конференција на началници на генералштабови на армиите од земјите – членки на САД-Јадранската повелба (А-5).

Главна тема на конференцијата на земјите-членки на А5 ќе биде „Подобрување на интероперабилноста и заеднички приод кон партнерските цели/ целни можности преку комбинирана обука и вежба“.

За време на конференцијата, генералот Величковски ќе има свое обраќање, а ќе оствари и повеќе билатерални средби со учесниците.

На конференцијата покрај началниците на ГШ на армиите на земјите членки на САД-Јадранската повелба (Македонија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) ќе учествуваат и претставници од европската команда на армијата на САД, командата на НАТО во Неапол и командантите на националните гарди од сојузните држави на САД кои се партнери на земјите од А5. Како набљудувачи ќе присуствуваат НГШ на ВС на Словенија и командантот на косовските безбедносни сили, соопшти ГШ на АРМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила

Левица: Одбиени без причина: Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на партиски пазарења

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски