Пинк15: Или плати или протест во Белград

Од:

Да ни се исплатат 8-те заостанати плати и да ни се регулираат придонесите – со вакво барање десетина вработени во телевизијата Пинк 15 протестираа пред Српската амабасада во Скопје.

Местото го избрале бидејќи сопственикот на телевизијата е српски граѓанин, а по сите лажни ветувања кои им ги дал на вработените дека телевизијата ќе закрепне а долговите ќе бидат исплатени, на Жељко Митровиќ по затворањето на телевизијата минатиот четврток му се губи трагата.

Сведочат дека константно им било доцнето со минимум пет месечни плати, за заклучно до затворањето на телевизијата, долгот да достигне 8 не исплатени месечни надомести. Повикувајќи се на македонските закони, велат дека иако за 3 последователно не исплатени плати институциите се надлежни да регаираат, тоа не се случило. Платите за јуни, јули и август минатата година биле прескокнати но и покрај тоа што во повеќе наврати доаѓале инспекции, ниту тоа не вродило со резултат.

Вработените сведочат дека ова е само кулминација на ситуацијата во српската телевизија со седиште во Скопје, која македонските институции иако можеле не ја спречиле.
Вработените посочуваат дека дрскоста челните луѓе ја демонстрирале и вчера:

Дрскоста на челните луѓе оди дотаму што 24 часа пред оваа прес конференција, ни понудија да прифатиме исплата на 3 плати до наредниот паеток, а за возврат да не ја одржиме денеска прес – конференцијата, со закана дека доколку ја одржиме, нема да ги добиеме ни тие пари – вели Кристина Мицковска, вработена во Тв Пинк 15

Полицијата не реагирала ниту кога вработените пријавиле дека еден од челниците во телевизијата шета низ ходниците и се заканува со пиштол. Никој не реагирал ниту кога главните луѓе на телевизијата преку ноќ је изнесувале техниката од просториите на телевизијата како истата не би била запленета за присилна наплата.

На собирот присуствуваа и претставници од Синдикатот на новинарите и медиумските работници. Објаснија дека уште пред неколку месеци дел од вработените им се обратиле за правна помош и таа им била обезбедена. Тогаш заостанатите плати биле исплатени. Но сега ја повика полицијата таа да ги спречи криминалните дејствија на сопствениците.

Вработените најавуваат дека ако нивните барања не се исполнат ќе одржат и протест пред зградата на Тв Пинк во Белград.

Христена Антовска Јованчева

Би можело да ве интересира

Гулаб слета на главата на новинарката непосредно пред да известува во живо, нејзината реакција насмеа многумина

Почина Барбара Волтерс

Ипсос: За време на епидемијата српските граѓани повеќе се пред ТВ, а македонските на интернет

А1он

Тотал ТВ бесплатно ги отвори дополнителните канали за своите претплатници

Ландов

СЗО: На децата треба да им се ограничи времето поминато пред ТВ екран

„Нетфликс“ на гледачите ќе им нуди сами да го изберат крајот на ТВ серија

Наум Локоски