Коалиција за Промени и Правда: Сакаме богати граѓани и рационална држава, а не богата држава и сиромашни граѓани

Од:

Носителот на листата Слободан Богоески на коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА, заедно со дел од кандидатите за пратеници, денеска беа во посета и средби со граѓаните во Неготино и населените места околу Неготино (Тимјаник, Пепелиште).

За разлика од изборната кампања на владејачката партија, Коалицијата за ПРОМЕНИ И ПРАВДА, тежиштето го има ставено на непосредни средби со граѓаните, бидејќи нејзиното мото е: ние бараме поддршка за народни пратеници, а не бараме поддршка за поданици на партијата.
На прес – конференцијата во Неготино, на граѓаните им се обратија кандидатите за пратеници од Неготино, проф. – Ванчо Петров и носителот на листата Слободан Богоески.

Богоески истакна дека проблемите со кои се соочуваат граѓаните извираат од отуѓената и криминализирана власт. Повеќе од 25 години во Македонија се збогатува и јакне државата на сметка на осиромашувањето на нејзините граѓани. Најави и дека после изборите најважно е да се стабилизира државата и да се направи рационална државна власт (намалување на министерствата во владата на 50%, укинување на непродуктивните агенции, управи и тела кои непотребно трошат пари, а само му го отежнуваат животот на обичниот човек).

Ексклузивно изјави дека после изборите ќе отпочне постапка за кривична одговорност за сите носители на криминалот во Македонија, кои во изминатите 10 години украдоа и изнесоа од
Македонија над 5 милијарди евра. Сите пари кои ќе бидат вратени во Македонија нема да бидат приход на буџетот, туку непосредно ќе им се враќаат на граѓаните и нивните семејства, за што ќе биде донесен посебен закон.

Според пресметките секое едно семејство во просек треба да добие околу 13.500 евра, онолку колку што украла ненародната власт.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он